Утре се очекува првиот снег
Нашето подрачје од утре ќе биде под влијание на серија од влажни воздушни бранови, кои ќе условат променливо облачно време со повремени врнежи од дожд и снег.

Врнежите ќе бидат со променлив интензитет, велат од Управата за хидрометеоролошки работи од Скопје.
„Во недела, во поголемиот дел од земјава, се очекуваат обилни врнежи од снег и формирање на снежна покривка. Кон крајот на денот на некои места врнежите ќе поминуваа во дожд, а интензитетот постепено ќе се намалува. Повремени локални врнежи од дожд ќе има и во наредните денови, но со променлив интензитет„- стои во соопштението од УХМР.
Утре во Куманово температурите ќе бидат околу 1 степен, а во понеделник околу 3 степени.