Мени

Вонредна крводарителска акција во Куманово

17.08.2026 14:45 | KumanovoNews

Општинска организација на Црвен крст Куманово, во вторник,  организира вонредна летна крводарителска акција, поради намалените резерви на крв.

 

Вонредна крводарителска акција во Куманово

Акцијата ќе се одржи од 10:00 до 15:00 часот во холот на Центар за култура „Трајко Прокопиев“ – Куманово.

„Во летниот период потребите од крв се зголемени, а резервите се намалени. Затоа, секоја дарувана единица крв може да биде од огромно значење и да спаси човечки живот. Ги повикуваме сите здрави и полнолетни граѓани кои можат да даруваат крв да се приклучат кон акцијата и со својот хуман гест да помогнат некому на кого му е најпотребно. Дарувај крв – спаси живот!“, порачуваат од Црвен крст Куманово.