Утрово - 14 степени во Куманово
        08.01.2015 09:49
                  |               KumanovoNews                                  
	         
      Утрово во Куманово се измерени - 14 Целзиусови степени, што значи дека денешниот ден е еден од најстудените досега во оваа зима.
 
                  Од Управата за хидрометеоролошки работи велат дека и во наредните денови не очекува слично време.
“Утре не очекува студено време со температури кои ќе бидат за 1 до 2 степени повисоки. Поголемо затоплување ќе имаме за време на викендот. Во Куманово овој е еден од најстудените денови, нешто слично на петокот од минатата недела“ - вели Костадинка Арсовска, дежурен синоптичар во УХМР.
Утрово во Берово се измерени - 17, а во Тетово -16 степени.



 
                   
                   
                   
                   
                   
                  



