„Ван Гог“ и Дани Димитровска ѕвезди на Мото-рок фестивалот во Куманово
04.06.2026 08:24
| KumanovoNews
На спортскиот аеродром Аџитепе, од 12 до 14 јуни, ќе се одржи Меѓународниот мото-рок фестивал во организација на Мото клуб „Мечки“.
Под мотото „Срце без граници“, фестивалот ќе трае три дена, исполнети со ритамот на рокенролот и звукот на моторите.
Годинашни ѕвезди на фестивалот ќе бидат „Ван Гог“ и Дани Димитровска, а пред публиката ќе настапат и други домашни и странски музички групи: Rok Apoteka, AC/DI European Tribute и Guadalupe Plata, Tumba i Overload, како и познати диџеи.
За посетителите е подготвена и богата дневна забавна програма.
Организаторите очекуваат рекордна посетеност и гости од целиот регион.
Фестивалот се одржува со поддршка на Општина Куманово и Министерството за култура и туризам.