×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • ВАШИ ПИСМА: ВМРО-ДПМНЕ вработува исклучиво свои луѓе

    14.03.2011 11:38 | KumanovoNews

     Нашето обраќање до Вашиот весник е во знак на револт, бидејќи сме испровоцирани од обраќањето на портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ до кумановската јавност во кое ја отфрлаат партиската вмешаност во вработувањата во државната и јавната администрација.

    ВАШИ ПИСМА: ВМРО-ДПМНЕ вработува исклучиво свои луѓе

    За среќа, не верувам дека некој од граѓаните на Куманово им поверува на нивните лаги.

    Ние неколку работнички кои бевме избркани од работа, сме само дел од огромниот број на граѓани кои на своја кожа ја вкусија неправдата од владеење на ова власт. Бевме избркани со цел на нашите работни места да си ги вработат своите роднини и партиски членови. Најчесто се поставуваат полуписмени луѓе, без соодветно образование, вештини, знаења и без работен стаж, а за жал сите оние вредни и факултетски образовани луѓе кои не поседуваат партиска книшка на ВМРО-ДПМНЕ си седат дома.

    Ваквите изјави на ВМРО-ДПМНЕ само повеќе ги вознемируваат нашите семејства и пријатели кои сите тие лоши случувања ги преживејаа со нас. Меѓутоа, најголемата штета се прави токму на граѓаните на Куманово, кои бараат услуги во некоја од тие установи во кои за жал работа полуписмени луѓе.

    Замислете,ВМРО-ДПМНЕ тврди дека вработува исклучиво стручен кадар кој што се пријавил на огласите, а под тоа подразбира вработување на ќерката на поранешната директорка на ЈУ Меѓуопштински Центар за социјална работа Куманово, потоа, сестрата на поранешниот претседател на ОО ВМРО-ДПМНЕ на Куманово и многу други заслужни партиски членови, а бркајќи ги од работа луѓето кои од пет до четиринаесет години професионално си ги извршувале своите работни задачи во установи кои одговараат на нивното образование.

    Сегашниот претседател на ОО ВМРО-ДПМНЕ, освен што се разбира во медицина и новинарство воедно е и експерт за избор и селекција на најстручни кандидати на сите јавни огласи кои беа распишани во установите како што се: Фонд за здравство, Музеј, ЈУ Меѓуопштински Центар за социјална работа

    Куманово, Здравствен дом, УЈП па дури и лично списокот со своите "високо стручни" избраници го доставува до соодветната установа.

    И за крај голем поздрав до сите читатели на Kumanovonews, Ви посакуваме се најдобро , а ние ќе ја бараме нашата правда на Суд.

    Поранешни вработени во Центарот за социјални работи Куманово

    *Ставовите изнесени во рубриката „ Ваши Писма“ не се ставови на редакцијата на
    KumanovoNews.Затоа kumanovonews не сноси одоговорност за содржината на истите.