×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Ваши писма: За подобро утре

    21.10.2015 08:30 | KumanovoNews

    Почитувани професори,соученици, родители, ние сме свесни во каков образовен систем учиме,свесни сме дека нашето подобро утре е знак прашалник.

    Ваши писма: За подобро утре

    Но зошто да ги ставаме во искушение наредните генерации, зошто иднината на оваа држава да бара спас во странство?  Зошто човек што не знае колку елементи има хемискиот систем да го води нашето образование? Зошто мисли дека нашето знаење може да го оцени со БИНГО ТЕСТ во траење од 60 минути. Дали тој повеќе знае од нас или од нашите професори која оценка ние заслужуваме? Екстерното вакво или такво, старо-ново го гледаме како десеттиот круг на пеколот. Не зашто ни е тешко да научиме. Бидејќи е навистина нереално, субјективно, апсурдно, небулозно… Ајде да не одиме на училиште и на секои три месеци (или како и да е планирано), да дојдеме, да го решиме екстерното тестирање и толку. Толку од нашиот труд, трудот на наставниците, професорите кои навистина инвестираат во нас, но ЏАБЕ! Трудот го поткопувате и закопувате. Сега нѐ разбирате?! Но ајде нема да одговориме по трет пат на ова прашање. Размислете самите. Размислете не за нас, туку за нашата иднина. За иднината на оваа земја! Доста ни е веќе! Доста е од неквалитет, апсурд, реформи! ДОСТА Е! Слушнете го гласот на младината која нема да Ви молчи министре, слушнете го гласот на МАКЕДОНСКАТА ИДНИНА, господине Адеми.Погледнете колку мои соученици се свесни за агонијата во која се наоѓа нашето образование. Гледајте и научете нешто тогаш можеби ќе го заслужите местото каде што сте сега. Слушнете ги и исполнете ги нашите барања министре,за подобро на нашата татковина и на нашето образование. За подобро на идните генерации за подобро на младината на Македонија..Никој повеќе не е слеп,сите ја гледаат ситуацијата каква е и во образованието. Ке ја добиеме нашата цел за многу брзо време.Затоа праќам порака до сите: Разбудете се,не плашете се,побунете се и бидете со нас бидете на вистинската страна заради доброто на секого.Бидете на страна на правдината!Подржете го средношколскиот пленум!Приклучете се!!!Обединете се за правата!!!СТОП ЗА ЛОШИТЕ РЕФОРМИ!!!

    Наталија Цветковска- ученичка во СОУ "ПЕРО НАКОВ" и активен член на Средношколски Пленум