×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Ваучери за инвертери ќе добијат 286 домаќинства од Куманово и Липково

    06.11.2024 13:50 | Оливера Пешевска

    Ваучерите за инвертер клими, кои ги обезбедува Министерството за економија, граѓаните  можат да ги подигнат утре од 9 до 15 часот, во Центарот за вработување во Куманово. 

    Ваучери за инвертери ќе добијат 286 домаќинства од Куманово и Липково

    Од подрачјето на Куманово и Липково, ваучери ќе добијат вкупно 286 граѓани од двете програми, од кои 125 во категоријата ранливи потрошувачи на енергија и 161 по програмата за потикнување на енергетска ефикасност во домаќинствата.

    Според јавно објавените списоци, 13 лица се од ранливата категорија самец, кои имаат приходи до 21 илјада денари месечно, 25 двочлени домаќинства кои не надминуваат 30 илјади приходи и 18 семејства со три члена, со максимален месечен прилив од 35 илјади денари ќе добијат по 27.000 денари за набавка на високоефикасен инвертер уред. По 30.000 денари ќе добијат 34 семејства кои бројат четири члена и оние со пет или повеќе. За ова програма на владата се издвоени вкупно 45 милиони денари на национално ниво.

    Вториот јавен повик се однесува на програмата за потикнување на енергетската ефикасност во домаќинствата, таму 161 семејства од Куманово и Липково ќе добијат ваучери со вредност од 23 илјади денари за набавка на енергетско ефикасни клима уреди. За ова програма владата издвоила 110 милиони евра.

    Граѓаните кои утре нема да ги подигнат ваучерите за инвертери, тоа ќе можат да го направат до 30 ноември.

    „Со цел олеснување и поефикасно доделување на ваучерите на граѓаните, процесот на дистрибуција оваа година е организиран со поголема флексибилност и достапност. Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини ги извести добитниците на вредносните ваучери преку средствата за јавно информирање, веб страната на Министерството и преку СМС порака дека доделувањето на ваучерите ќе се одвива утре во Центрите за вработување, за граѓаните од внатрешноста. За граѓаните што нема да бидат во можност да ги подигнат ваучерите на одредениот датум, обезбедена е дополнителна флексибилност, да можат да ги подигнат до крајот на месецот, во просториите на самото министерство“, соопштија од  Министерството. 

    Еден од критериумите е ваучерите да мора да се искористат до 30 ноември. 

    Вкупниот број на домаќинства кои ќе добијат вредносен ваучер преку двете програми изнесува 6.182.