×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Вдомени пет кученца во акцијата за згрижување на бездомни животни

    18.01.2020 14:08 | KumanovoNews

    Во денешната акција што ја организираше Ветринарно-сточарскиот центар „Тодор Велков“, Секторот за инспекциски надзор од Општина Куманово и здруженија за грижа на животни, на Градскиот плоштад во Куманово, вдомени се пет од вкупно 10 кученца.

    Вдомени пет кученца во акцијата за згрижување на бездомни животни

    Едно од кученцата ќе патува во Швајцарија, другото во Ранковце, а три добија домче во Куманово. Сите се прочистени од внатрешни и надворешни паразити и вакцинирани од беснило.

    Организаторите велат дека делумно се задоволни од акцијатата, бидејќи успеале да згрижат само 50 отсто од кученца, а имало акции кога сите добивале сопственици.

    - Останаа 4 женски и едно машко кученце. Тие се наоѓаат во ветеринарниот центар, и оние кои денеска не стигнаа да дојдат, а саакат да имаат милениче можат да се јават и да земат. Ние секогаш апелираме да не се купуваат миленичиња, туку да се вдомуваат и да се помогне на овие недолжни суштества кои не по своја вина се нашле на улица, - вели Марина Петковска, волонтерка.

    Таа апелира до граѓаните кои се одлучиле да чуваат миленици да ги кастрираат или стерилизираат, за го ограничат нивното размножување, а не потоа кученцата да ги фрлаат или да ги пуштаат на улица каде најчесто угинуваат или стануваат скитници.

    Петковска вели дека во иднина вакви акции ќе се организираат еднаш месечно, за да сите кученца најдат дом.

    Kомуналниот редар од Oпштина Куманово, Гордан Таневски има сознанија дека кучиња од други општини се носат во Куманово, поради што бара помош од институциите.

    - Имаме дојави од граѓани дека се внесуваат кучиња скитници од други општини што е финансиски проблем за општината. Сите општини имаат законска обврска да заловуваат кучиња. Имаме пријави и до МВР против непознати сторители, вели Таневски.

    Се проценува дека на територијата на општина Куманово има над 200 бездомни кучиња.

    Слободан Јовановски од селото Ранковце денеска вдоми женско кученце, кое ќе го чува на својата викендичка зедно со другите домашни миленичиња. Тој мораше да потпише изјава дека ќе се грижи за миленичето.