×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Верижен судир на наплатната рампа Романовце

    04.11.2014 12:25 | KumanovoNews

     Верижен судир на четири возила се случил вчера попладне на автопатот Скопје-Куманово, кај наплатната рампа Романовце.

    Верижен судир на наплатната рампа Романовце

    Во сообраќајката учествувале „комби“ со бугарски таблички управувано од Н.С.(46) од Куманово, „форд орион“ кој го возел Д.А.(39) од с. Ваксинце, “авео” управувано од Н.П.(39) од Скопје и  “киа” што ја возел Б.Б.(33) од Куманово.

    Возачот од Ваксинце превезувал четворица мигранти, од кои двајца со возачот побегнале. Останатите двајца се приведени во СВР Куманово и по извршениот разговор било утврдено дека се државјани на Сирија. Тие признале дека илегално влегле во Македонија и се упатиле кон Куманово, при што го запреле „фордот“ и со возачот се договориле за 400 евра да ги превезе до с.Лојане.

    Во несреќата со повреди се здобиле Н.С., еден сопатник од возилата и еден од мигрантите. По укажаната лекарска помош тие се пуштени на домашно лекување.

    По преземени мерки пронајден е Д.А. и против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

    Мигрантите се сместени во Прифатниот центар за странци во Скопје и се преземаат мерки за расчистување на случајот.