Весна Петрушевска со стенд ап комедија
15.10.2012 08:02
| KumanovoNews
Во рамки на “Денови на комедија 2012“, актерката Весна Бејби Петрушевска утревечер ќе се претстави со стенд ап комедија.

Петрушевска е една од ретките македонски актерки која настапува со стенд ап комедии. Во нејзиниот хумор утревечер ќе може да ужива и кумановската публика.
Почетокот е во 20 часот во Центарот за култура „Трајко Прокопиев„.