Ветераните со хуманитарна акција за загрозените семејства
15.09.2014 07:48
| KumanovoNews
Здружение на армиски и полициски ветерани организира хуманитарна акција која почнува денеска и ќе трае до 25 септември, за помош на загрозените семејства од Куманово и околината.

Нивните членови во клубот “Христијан Т.Карпош“ ќе донираат обувки, облека и средства за хигиена.
“Ќе се обидеме да обезбедиме и донации од спонзори. По втор пат правиме ваква акција и планираме во иднина да биде традиционална, да се одржува еднаш до два пати во година“ - вели Киро Соларски, организационен секретар во здружението.
Оваа хуманитарна акција се организира во соработка со Црвен Крст.