Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Силниот ветар кој попладнево го зафати кумановскиот регион, откорна повеќе дрвја и предизвика проблеми во снабдувањето со електрична енергија во градот и населбите.
Според информации од Центарот за управување со кризи, силниот ветар откорнал два бора во близина на Ловечкиот дом, кои паднале на патот, па сообраќајот се одвивал по една коловозна лента. Дрво паднало и на локалниот пат во близина на селото Пелинце. Екипи на ЈП Македонија-пат и во двата случаи излегле на терен и ги отстраниле стеблата.
Во селото Челопек, ветрот турнал дрво врз паркиран автомобилол, додека во селата Тромеѓа и Бабин Дол биле скинати жици на електрична мрежа.
Поради невремето без струја останаа селата Бељаковце, Пчиња, Студена Бара, Ваксинце и населбите Циглана и Карпош.