Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Во средното Земјоделско училиште “Киро Бурназ“, вчера беше изведена вежба за евакуација и прва помош во случај на пожар.
Беше исцениран пожар на отворено, а волонтери од Црвен Крст покажаа како се укажува прва помош.
“Пожарот беше надвор, имаше многу чад и повредените беа внесени во спортска сала. Еден беше со отворена скршеница на подлактица, друг со епилептичен напад и третиот повреден со исчашен скочен зглоб. Волонтерите укажаа прва помош, а потоа им објаснија на ученциите што треба да се направи, имаше и прашања од нивна страна“ - вели Сања Голубовска, координатор на волонтери во Црвен Крст.
Училиштата имаат обврска на секои две до три години да организираат противпожарна вежба.