×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Вежба за противпожарна заштита во “Светозар Марковиќ“

    22.05.2014 13:34 | KumanovoNews

    Евакуација на ученици, гаснење пожар, спасување на повредени, укажување на прва помош и транспорт на повредените со хеликоптер, е дел од показната вежба, која вчера се оддржа во основното училиште “Светозар  Марковиќ“ во Старо Нагоричане.

    Вежба за противпожарна заштита во “Светозар Марковиќ“

    Целта е да се подигне свеста на граѓаните и да знаат како да реагираат во случај на пожар.

    - Вежбата е насловена "Старо Нагоричане 2014" и ги вклучува сите институции и организации кои реално би се вклучиле во ваква ситуација во стварност. Вежбата беше замислена да ги укаже сите можни неприлики и секоја институција да покаже кое е нејзиното место во вакви состојби - изјави Никола Николов, претседател на Противпожарен Сојуз на Македонија.

    Учениците кои симулираа дека се заробени на горните катови скокнаа на воздушна перница.

    - Беше изведена симулација на спасување ученици и наставници од една од просториите зафатена со пожар. Потоа пожарникарите преминаа на спасување на лице повредено во сообраќајна незгода - кажа Деан Илиевски, командир на Противпожарна единица Куманово.

    Вежбата се спроведe по повод Денот на пожарникарите во Македонија.

    Настанот го организираа Противпожарен сојуз на Македонија, Противпожарна единица Куманово, Дирекција за заштита и спасување, Црвен Крст, Брза помош и Општина Старо Нагоричане.