×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Вината за немање кворум во Советот власта да си ја бара во своите редови, не кај опозицијата, порача координаторот Петковски

    18.02.2021 10:55 | KumanovoNews

    Не се точни изјавите дека седницата на Советот на Општина Куманово е прекината поради тоа што ја напушти советничката група на коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ, туку поради советниците на власта, тврди координаторот на коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ, по обвинувањата на претседателката на Советот дека поради нивното отсуство не можеле да се донесат важни одлуки од областа на социјалната заштита на лицата со посебни потреби.

    Вината за немање кворум во Советот власта да си ја бара во своите редови, не кај опозицијата, порача координаторот Петковски

    „Во моментот на продолжението на седницата останаа само 9 советници од коалицијата на СДСМ, така да седницата не се прекина затоа што ние ја напуштивме, туку затоа тие коишто го прават мнозинството со нивните коалициони партнери, кои ги има многу повеќе од просто мнозинство не беа тука за да се направи кворум. Така да било какво обвинување дека седницата е прекината поради нас не држи вода, вината треба да си ја бараат во своите редови“,  порача Петковски.

    Тој додава дека советничката група на која и припаѓа се труди максимално и најодговорно да си ја извршува задачата за која се избрани и речиси секогаш се присутни на седницата, што не е случај со власта, како што се потврди и вчера.

    Распоредот на силите во Советот на Општина Куманово се: 16 советници од коалицијата на СДСМ, тројца од ДУИ, 11 членови од коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ, двајца од Беса и еден од Алијанса на Албанците.

    Петковски вели дека на продолжението на седницата ќе дадат целосна поддршка на точките за социјална помош на лицата со попреченост, како што и досега го правеле тоа кога се работи за интересите на граѓаните, додека за предлогот за нови вработувања во Општина Куманово жестоко ќе се спротивстават.

    „На сите им е јасно дека тоа не се вработувања во Општина туку вработувања во партија. Се ближат избори и треба да се вдомат некои партиски војници. Образложението на Општината е дека тоа се прави поради зголемен обем на работа, а сите знаеме дека поради корона повеќе од 2/3 од административците не оди на работа. Сега ќе примаат нови, а некои ќе седат дома и ќе примаат плата“, смета Петковски.

    (С.Н.)