×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Владата донесе дополнителни ограничувања на движењето на граѓаните

    24.03.2020 09:22 | KumanovoNews

      Владата на синоќешната седница донесена одлука за измени и дополнувања на одлуката за ограничување на движењето на граѓаните на целата територија во земјата.

    Владата донесе дополнителни ограничувања на движењето на граѓаните

    Забраната за движење за сите граѓани од 21:00 до 06:00 часот, се заменува со ограничување на движењето од 21:00 до 05:00 часот заради гужвите што се создадоа во јавниот превоз и заради потребата на граѓаните да стигнат на работните места во утринските часови.

    Дополнително, Владата донесе одлука да се забрани движењето на граѓаните над 67 години од 11:00 часот до 05:00 часот следниот ден.

    Владата на вечерашната седница донесе уште една одлука за ограничување на движењето на младите до 18 години и за нив забраната за движење ќе започнува во 21 часот и ќе трае до 12 часот наредниот ден.

    - Оваа одлука ја донесовме по предлог на Комисијата за заразни болести. Најосетливи во здравствена смисла се постарите од 67 години, а младите се најголемите преносители на вирусот. Тоа го покажуваат искуства од другите земји, но и кај нас. Со оваа мерка во ист момент не можат да бидат групирани едната и другата категорија граѓани. Според епидемиолозите младите имаат многу лесни симптоми, дури не препознаваат дека се носители на вирусот, а многу лесно можат да го пренесат на возрасните лица, - рече премиерот Оливер Спасовски.

    Новите одлуки за ограничување на движењето ќе важат од 24 март 2020 година.