×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Владата и Општината субвенционираат 40.000 денари за приклучок на гас во Куманово

    08.06.2023 16:24 | Оливера Пешевска

    Граѓаните можат да се приклучат на гасоводната мрежа за само 9.200 денари, ако ги искористат мерките за субвенционирање кои ги одобруваат Владата и Општина Куманово.

    Владата и Општината субвенционираат 40.000 денари за приклучок на гас во Куманово

    Преку владината програме се предвидени до 25.000 денари за домаќинство и може да се аплицира до 31 октомври, додека Општина Куманово обезбедува по 15.000 денари и повикот трае во текот на целата година.

    „Владината програма за ова намена е 10 милиони денари, и ако се поделат по 25 илјади по семејство излегува дека можат да се субвенционираат 400 приклучоци, кои реално треба да ги поделиме со „Струмица-гас“. Со тоа што Куманово има предност пред Струмица, бидејќи веќе имаме инсталирано гасна мрежа во становите на новоизградените згради во последните неколку години. Затоа сопствениците на тие станови можат да дојдат во Јавното претпријатие само со имотен лист и да потпишат договор за приклучок, и веќе наредниот ден ќе бидат вклучени во гасоводната мрежа“, изјави Марко Митровски, директор на ЈП „Куманово-гас“.

    На седницата беше предложено овие поволности да бидат повеќе промовирани за да ги искористат што поголем број на граѓани и домаќинства, бидејќи тоа е и во интерес на претпријатието .

    „Во прилог ни одат и цените на природен гас на светските берзи, од 130 долари моменталната цена е некаде околу 30-25 долари, што е доста поволно.  Сега е шанса секаде каде има инфраструктура да се приклучат граѓаните. На една од наредните седници можеби би требало да обезбедиме средства за маркетинг, да се промовираат условите. Вкупниот износ од 40 илјади денари навистина треба да се искористи, а и ЈП „Куманово-гас“ ќе застане на цврсти нозе“, изјави Благојче Јаќимовиќ, советник на НСДП.

     Од претпријатието кажаа дека веќе започнале со промоција на поволностите за гасификација во домаќинствата, што резултирало со 6 нови договори за станови, а интерес имало и во уште неколку објекти и приватни куќи, па очекуваат и таму за брзо време да склучат нови договори.