Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Владимир Арсовски од Куманово е нов директор на Акционерското друштво за изградба и стопанисување со станбен и деловен простор, подружница Куманово.
Избран е вчера на седница на управен одбор на бордот на директори на АД.
Арсовски по професија е дипломиран економист, работеше во ЈП „Чистота и зеленило“, а од неодамна во АД за стопанисување со станбен и деловен простор“.
Новиот директор доаѓа на местото на досегашниот в.д. директор Русе Димовски.
Арсовски неодамна беше избран за координатор на Североисточниот регион на СДСМ.