×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • ВМРО-ДПМНЕ бара од градоначалникот реализација на ветените проекти

    18.07.2013 12:40 | KumanovoNews

     Координаторот на советничката група на ВМРО- ДПМНЕ, Мирослав Стојановски на денешната прес-конференција го обвини градоначалникот Зоран Дамјановски, дека нe ги реализирал проектите што ги ветил за локалните избори.

    ВМРО-ДПМНЕ бара од градоначалникот реализација на ветените проекти

     На последната седница посветена на советнички прашања, градоначалникот и неговата администрација не дале конкретен одговор на поставените прашања, туку само се правдале дека општината нема пари.

    Го прашавме градоначалникот кога ќе започна изградбата на индустриската зона и градинките, кога ќе биде завршен покриениот базен кој требаше да биде готов во март 2013 година, кога ќе направат јавни тоалети, кога ќе се намали цената на паркинг услугата, кога ќе се  среди сообраќајниот хаос, кога ќе се завршат раскопаните улици, кога ќе се исплатат избирачките одбори и комисии. За сите овие прашања добивме ист одговор дека општината нема пари, бидејќи приливот на сретства е многу лош и кога ќе има пари тогаш ќе се реализираат ветените проекти- изјави Стојановски.

    Од ВМРО-ДПМНЕ се пожалија дека мнозинството во Советот на Општината Куманово го крши Статутот и не го запазиле принципот за пропорционална застепеност на политичките партии во општинските комисии.  На седницата не бил прифатен ниту еден предлог на опозицијата. Поради тоа од партијата најавија дека за неправилностите ќе го известат Државниот инспекторат за локална самоуправа.