×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • ВМРО-ДПМНЕ: Дамјановски не се грижи за селата

    04.04.2013 13:33 | KumanovoNews

    Од ВМРО - ДПМНЕ обвинуваат дека актуелниот градоначалник Зоран Дамјановски за двата мандата не ги подобрил условите за живот во селата и ги заборавил руралните средини.

    ВМРО-ДПМНЕ: Дамјановски не се грижи за селата

    Што се однесува до грижата за селата, ќе го потсетиме Дамјановски дека Советот на Општина Куманово, на седницата оддржана на 31 мај 2012 година, донесе одлука за ослободување од комунална такса за јавно осветлување за физички и правни лица, иматели на броила за мерење на потрошувачка на елетрична енергија од следниве населени места во Општина Куманово каде има систем за јавно осветлување: Бељаковце, Довезенце, Мургаш, Новосељане, Косматац, Скачковце, Јачинце, Зубовце, Пезово, Кшање и Живење. До денеска, жителите на овие населени места плаќаат комунална такса за јавно осветлување, кое го немаат. - изјави Игор Божиновски, член на Општински изборен штаб.

    Според него незаконски е да им се наплаќа на луѓето услуга која не ја користат.

     Тој го обвини Дамјановски дека најмногу се грижи за партиските функционери на кои им ги вработил најблиските.