×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • ВМРО-ДПМНЕ го напушти Советот

    29.03.2012 15:55 | KumanovoNews

     Револтирани од одлуката на минатата седница, да се разрешат од управните тела на јавните претпријатије поранешните членови на ВМРО-НП, опозицијата не сакаше да присуствува на назначувањето на новите.

    ВМРО-ДПМНЕ го напушти Советот

    Советниците на ВМРО-ДПМНЕ и нивните коалициони партнери денеска ја напуштија седницата на Советот, кога на дневен ред дојде расправата за назначување на новите членови на управните и надзорните одбори во неколку јавни претпријатија и институции во градот. Револтирани од одлуката на владејачкото мнозинство, кое на минатата седница ги тргна од управните тела на јавните претпријатија поранешните членови на ВМРО-НП, опозицијата не сакаше да присуствува на назначување на новите.

     Ја напуштивме работата на седницата во знак на револт, бидејќи знаеме дека ова е продолжение на процесот на линчување на 7 луѓе, кои се сменети од управните и надзорните одбори само поради тоа што нивен единствен грев е преминувањето во ВМРО-ДПМНЕ. Кога ги разрешуваа на минатат седница никој од опозицијата не изнесе ниту една забелешка на нивното работење, со кој би го оправдале овој срамен чин. Дури и признаа дека ова претставува партиска чистка на неистомисленици. Згора на тоа се поставуваат луѓе со сомнителни квалитети, само затоа што се членови на СДСМ и нивната се помала коалиција- вели Бобан Николовски координаторот на коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ.

    Наспроти ова претседателот на Советот вели дека тоа било само уште еден неуспешен обид да се наруши работата на Советот.

    Легитимно право на сите политички субјекти е да одредат дали ќе учествуваат или ќе ја бојкотираат работата на Советот. И по напуштањето на седницата од ВМРО-ДПМНЕ, Советот продолжи да работи со кворум. Очигледно е дека советниците на опозицијата во недостиг на аргументи се обидуваат да го блокираат демократското работње на органите на Општината Куманово. Ова е по трет пат на различен начин да ја блокираат работата и да фрлаат дамка врз работењето на Советот.  Не ме изненадуваат нивните одлуки, но ме радуваат што се безуспешни- вели Виктор Цветковски.