×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • ВМРО-ДПМНЕ и „Доверба“ донираа за децата во социјален ризик

    30.12.2015 12:16 | KumanovoNews

    Комисијата за образование при ВМРО-ДПМНЕ ОК Куманово денеска донираше за 10 деца во социјален ризик, а невладината организација „Доверба“ подели пакетчиња и подароци на 15 деца.

    ВМРО-ДПМНЕ и „Доверба“ донираа за децата во социјален ризик

    Целта е на на овие деца да им ги разубават празниците и да им ја честитаат Новата година.

    Од донациите што беа собрани при крајот на месец септември, издвоивме средства и обезбедивме пакетчиња чија што содржина е ученички прибор и топла облека и на 10 деца од социјално загрозени семејства ќе подариме пакетчиња. На сите жители на општина Куманово, посебно на малите дечиња им посакувам сè најубаво во Новата година, посебно радост, среќа и успех во деновите што претстојат - вели Кети Димковска од комисија за образование при ВМРО-ДПМНЕ ОК Куманово.

    Од „Доверба“ објаснуваат дека работеле со самохрани мајки, проект финансиран од Владата и сега сакаат да ги израдуваат нивните најмили, нивните деца.

    Да им посакаме сè најдобро во Новата година, да има помалку ранливи категории, помалку разделени семејства, а ние сме тука да соработуваме, да помагаме. Ние соработката со оваа група ја продолжуваме, со нив, со нивните семејства, да ги зајакнеме и секој момент да им го направиме што посреќен - рече Дивна Јанкова, претседател на „Доверба“.

    Од комисијата за образование на ВМРО-ДПМНЕ и „Доверба“ рекоа дека повторно планираат донација за некој од претстојните верски празници.