Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Од општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ го обвинија градоначалникот Зоран Дамјановски дека во образованието вработува партиски кадри се со цел да си обезбеди гласачко тело за престојните локални избори.
При тоа посочија дека лојалните директори добиваат по два мандата, а некои од нив за да останат на функцијата се назначуваат за в.д директори. Велат дека во училиштата има и нестручни кадри.
А за поделба на часови доволно е да се каже дека од две работни места по математика се добиваат четири помали. Тоа е смислено за да се врбуваат гласачи. Градоначалникот ги заплашува вработените со инспекторите и нивните казни. Драѓи сограѓани, решенија потпишува само министерот за образование и наука. Инспекторите треба да придонесат за поквалитетно образование, а не да бидат продолжена рака на градоначалникот - рече Мирослав Стојановски, претседател на општински комитет на ВМРО-ДПМНЕ во Куманово.
Градоначалникот Дамјановски вели дека ова се прави за да се одвлече вниманието од секс-скандалите во Прилеп и Битола каде беа посочени партиски членови на владејачката партија.
Во 22 училишта во градот, 90% од кадрите се затечени и работат два мандата. Погледнете ги судовите, тоа е треба власт нема да коментирам, ама се знае како ги вработувате кадрите. Како резултат на сексуалните афери во Прилеп и Битола, вие фрлате прав во очи. Ова е крајно лицемерно. Со ова само ќе си ја влошите позицијата за локалните избори која и така ви е лоша - изјави Дамјановски.
Тој појасни дека изборот на наставници се врши според процедура, преку конкурс каде и училишниот одбор дава предлози за кои одлуки и решенија носи Општината. Дамјановски повика за сите прашања да се зборува на јавни дебати, а не преку конференции за печат.