Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ денеска ја обвини локална самоуправа и Советот на општината дека продолжува со непродуктивно работење и носење на одлуки кои немаат никаква содржина и значење за подобрување на животот на граѓаните на Куманово.
Како пример беше посочена програма за локален економски развој и развој на инфоматичката технологија што се донесени на мината седница.
Советничката група на ВМРО-ДПМНЕ очекуваше програма во која ќе бидат опфатени конкретни проекти и решенија, програма во која ќе биде вклопен развојот на бањскиот и селскиот туризам во нашиот регион, конкретни проекти со кои ќе бидат привлечени домашни и странски инвенститори, максимално искористување на поволната местоположба на нашиот град помеѓу коридорите 8 и 10.
Трагично е што мнозинството во Советот и градоначалникот на Куманово не го сфаќаат ниту разбираат значењето на развојот на информатичката технологија, која меѓу другото значи и воведување на едношалтерскиот систем во општинската администрација. Едношалтерскиот систем би претставувал огромно олеснување во живеењето и функционирањето на граѓаните, би биле избегнати непотребните чекања и малтретирања по општинските шалтери, со што би се створиле услови за формирање на е-Општина-рече советникот Бране Петрушевски.
Тој објасни дека согласно програмата, равојот на информатичката технологија во општината се состои од 4 проекти, напишани на половина страничка, и тоа: изработка на официјална веб страна на Општината,интерно вмрежување во општината, и уште неколку проекти, кои биле толку површни, што не вредело ниту да се споменат.
Да биде несериозноста на локалната власт уште поголема, за равој на информатичката технологија се одделени 100 000 денари. Колку за споредба, приближно иста сума на пари, општината му доделени на Нино Величковски за учество на фестивалот „Цветници“- нагласи Петрушевски.