Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Од ВМРО-ДПМНЕ ОК Куманово, денеска на прес-конференција обвинија дека јавното претпријатије „Чистота и зеленило“ не го одржува Стариот градски парк.
Обвинуваат дека еден дел од паркот е целосно запуштен, клупите се искршени, и нема содржини за деца.
Местото воопшто нема изглед на парк. Постарите луѓе немајќи избор седат на отсечените дрвја, а децата мошне ретко го посетуваат, затоа што нема ниту елементарни услови во паркот, кои ќе им овозможат својот летен распуст да го поминат во дружење во паркот. Пред некој ден директорот на “Чистота и зеленило“ рече дека обврска им е да го одржуваат овој парк. Она што може да се забележи е дека паркот се наоѓа на само неколку метри од ова јавно претпријатие, одговорно за неговиот изглед, па затоа се прашуваме како е можно, лошата слика надлежните да не ја забележат? - вели Ивана Арсеновска, советничка во Советот на општина Куманово.
Од ОК на ВМРО-ДПМНЕ ги повикаа надлежните пред да заминат на годишни одмори, да го заживеат паркот и да не бараат изговори за неработење.