ВМРО - ДПМНЕ организира крводарителска акција
16.10.2013 08:40
| KumanovoNews
Во Центарот за култура “Трајко Прокопиев“ утре ќе се оддржи традиционална крводарителска акција.
Симпатизери и членови на ВМРО - ДПМНЕ ќе даруваат крв од 10 до 14 часот. Оваа крводарителска акција во соработка со Црвен Крст партијата ја организира години наназад и таа е во чест на празникот 23 октомври - Ден на македонската револуционерна борба.