ВМРО-ДПМНЕ организираше новогодишен коктел
Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ Куманово синоќа во партиските простории организираше новогодишен коктел за членството.

На граѓаните Новата година ја честиташе претседателот на ОК на ВМРО-ДПМНЕ Куманово, Драган Петковски кој кажа дека по Нова година ќе почнат со подготовка на кампањата за изборите.
Во име на општинскит комитет на сите наши граѓани на Куманово им посакуваме пред се здравје, среќа, успех на сите полиња. Ова е година која на сите нас во Куманово ќе ни остане во доживотно сеќавање и која што мислам дека никогаш не треба да се повтори - рече тој.
Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ во Собранието на Република Македонија, Зоран Ѓорѓиевски вели дека 2015 беше турбулентна година и земјата влезе во политичка криза.
Доживеавме да парламентарното малцинство го малтретира и условува парламентарното мнозинство. Тоа го нема никаде во светот, меѓутоа Македонија поминала низ многу турбуленции, низ многу проблеми во своето постоење, така што и оваа работа има своја завршница тоа се изборите на 24 април, а последниот збор ќе го каже народот - изјави Ѓорѓиевски.
Ѓорѓиевски вели дека 2016 година ќе биде потешка и потурбулентна од 2015 година, која ја испраќаме.