×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • ВМРО-ДПМНЕ отфрла партиска вмешаност во вработувањата

    11.03.2011 11:42 | KumanovoNews

     За сите работни места кои беа наброени од страна на СДСМ на нивната прес-конференција е распишан јавен оглас и е извршена селекција на најстручните кандидати, кои ги исполнуваат предвидените законски услови. При секое вработување е запазена целокупната законската постапка.

    ВМРО-ДПМНЕ отфрла партиска вмешаност во вработувањата

    Господa од СДСМ, јасно ни е дека не можете да го разберете онаа што го зборуваме. Секој во Република Македонија знае дека СДСМ е скаран во законските прописи, посебно кога станува збор за вработувањата. Сеуште во нашите глави одѕвонува скандалозната изјава на потпретседателот на СДСМ, Зоран Заев за 2.744 партиски вработувања во државната и јавна администрација, исклучиво со одлука на кадровата комисија на вашата партија. Зарем мислите дека граѓаните заборавија на заканата на Заев дека ќе бркате од работа ако дојдете на власт, за да вработите ваши партиски војници, ваши роднини и пријатели. Самите признавте дека за вас законските норми не важат, единствен услов за вработување е партискиот амин од кадровата комисија на СДСМ,  што на дело го гледаме во сите општини каде што СДСМ има градоначалници, вклучително и општина Куманово-одговори Игор Божиновски, портпарол на општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, на вчерашните обвинувања на СДСМ дека вработуваат партиски војници.

    Од партијата потсетија дека  рекордни 36 проценти на невработеност зад себе оставила СДСМ и Бранко Црвенковски во неговото транзициско владеење.