Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Советниците од ВМРО-ДПМНЕ во Советот на општина Куманово, денеска почнаа со собирање на потписи за преименување на плоштадот Нова Југославија во Македонија.
Граѓаните кои сакаат да дадат поддршка можат да се потпишат на штандови на плоштадот, или во партискиот штаб секој работен ден од 10 до 20 часот.
Ги повикувам сите граѓани на Куманово кои сакаат да ја поддржат оваа иницијатива, да дојдат и со својот потпис да не поддржат. Потпишувањето ќе биде во центарот на градот, ќе бидат поставени неколку штандови на кои што ќе можат да се потпишат граѓаните и во штабот на ВМРО-ДПМНЕ кој не може да дојде на штандовите. Немаме лимит, а што повеќе потписи ќе собереме, тоа значи дека повеќе граѓани не поддржуваат. Се надеваме дека со оваа иницијатива ќе го поттикнеме градоначалникот и општинската власт да веќе еднаш се мрднат од зимскиот сон и да преземат нешто за именувањето на улиците - изјави Драган Петковски, советник.
Потписи ќе се собираат се до закажување на следната седница на Советот, на која ќе се разгледува инцијативата.