Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Советничката група на ВМРО-ДПМНЕ не е незадоволана од работата на претседателот на Советот на вчерашната Свечена седница, по повод Денот на ослободување на градот.
Тие тврдат дека претседателот Максим Димитриевски не дал можност советниците да го гласаат дневниот ред што тој го предложил, туку самиот си го усвоил и ја започнал седницата.
Новиот претседател повторно не беше доследен и не се придржуваше на Деловникот на Советот на Општина Куманово. Тој не ги удостои советниците да му го изгласаат дневниот ред предложен од него.Тоа е едно големо прекршување на процедурата, но овојпат ние како советничка група заради свечениот чин не реагиравме- рече координаторот на советничката група Бобан Николовски.
Советниците реагираа и на тоа што не била поделена техниката за превод, па неможеле да ги разберат обраќањата на советниците од етничките заедници.
За разлика од другите години, кога советниците на ВМРО-ДПМНЕ и нивните коалициони партнери ги бојкотираа прославите на одбележувањето на Денот ослободувањето на градот, оваа година присуствуваа сите советници и дел од раководството на општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ. Не дојдоа само пратениците Јордан Пачков и Иван Стоиљковиќ.