×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • ВМРО-ДПМНЕ: Зошто на Димитриевски и СДСМ им пречи името Македонија?

    05.11.2015 13:05 | KumanovoNews

    Советничката група на ВМРО-ДПМНЕ денеска на прес-конференција обвини дека на вчерашната седница на Советот на општина Куманово, скандалозно беше тоа што претседателот Максим Димитриевски не сакаше иницијативата за преименување на плоштадот од Нова Југославија во Македонија да ја стави на дневен ред.

    ВМРО-ДПМНЕ: Зошто на Димитриевски и СДСМ им пречи името Македонија?

    Од ВМРО-ДПМНЕ побараа на самата седница да се гласа за иницијативата, по што само советниците од Коалицијата За подобра Македонија гласаа за, СДСМ беше против, а сите други воздржани.

    Како е можно иницијатива која потекнува од граѓаните и за која досега се потпишаа над 7000 граѓани на Куманово, да не биде ставена како точка на дневен ред? Како може претседателот на Советот да прави ваква злоупотреба и на еден крајно авторитарен начин да забранува демократска расправа за теми од јавен интерес. Кога прв пат се обративме до Советот со иницијативата, неговата реакција, а и на СДСМ  беше дека имало поважни проблеми во градот за кои треба да се расправа, а не за името на  плоштадот, па за да заврши дека името Македонија само ќе разгорело меѓуетнички тензии, дека ќе се менувала историјата и други невистини. Би сакале да потсетиме дека нашиот плоштад имал и други имиња во минатото, како што е 20 октомври помеѓу двете Светски војни, пред тоа бил познат како Тумба итн - вели Валентина Јовановска, советник од ВМРО-ДПМНЕ.

    Прашуваат дали името Македонија им пречи на СДСМ и Максим Димитриевски, и порачуваат дека ова име само ги обединува сите граѓани кои живеат во Куманово.