Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
ВМРО-Народна партија во недела на Конвенција ќе ги претстави шесте изборни листи и кандидатите за пратеници за престојните избори.
Конвенцијата ќе се одржи во Центарот за култура во 17 часот, а на присутните членови и симпатизери ќе им се обратат носителите на листите. Од кумановскиот општински комитет, трета на листата во изборната единица два е претседателката Елизабета Симоновска.
ВМРО-НП во својата програма акцент ќе стави на решавање на клучните проблеми од кои зависи економскиот просперитет и намалување на социјалната несигурност на граѓаните, измани во законот за казнена политика кој претставува економски мобинг на населението, и секако решавање на најважните прашања, влез на државата во ЕУ и НАТО-рече Симоновска на денешната прес-конференција.