×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Во „11 Октомври“ одбележан Денот на дрвото

    02.12.2015 16:36 | KumanovoNews

    Во основното училиште „11 Октомври“ денеска беше одбележан Денот на дрвото со засадување на садници.

    Во „11 Октомври“ одбележан Денот на дрвото

    Учениците пишуваа творби, цртаа на тема “Ден на дрвото - засади ја својата иднина“, собираа смет и дворот го засадија со бел бор.

    Одделенска настава се внатре , творат на тема дрво значи има цртање , пишување на лични творби , уредување на училниците , додека учениците од предметна настава имаат активности во училишниот двор ,значи засадувања на садници. Исто така и еколошко средување на дворот ,собирање на лисја и такви слични активности од еко - секцијата произведување на компост - изјави Елизабета Костадиновска Костиќ, директорка на училиштето.

    За Денот на дрвото училиштето доби 100 садници, а  дел од нив ќе бидат засадени и во подрачните училишта.

    Дел од садниците беа дадени во подрачните училишта во село Речица и  во село Којнаре  и овдека во нашето училиште значи ископавме дупки и ги засадивме садниците од бел бор - кажа Јелена Павловска, професор по биологија и координатор за екологија во училиштето.

    Денот на дрвото масовно се одбележува во целата држава со цел заштита на околината.