×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Во „11 Октомври“ одбележан Европскиот ден на јазици

    25.09.2015 15:00 | KumanovoNews

    Во основното училиште „11 Октомври“ денеска беше одбележан Европскиот ден на јазици.

    Во „11 Октомври“ одбележан Европскиот ден на јазици

    По тој повод учениците подготвија штандови на кои беа презентирани четири земји и тоа Англија, Германија, Франција и Италија. “11 Октомври“ е единствено училиште во градот во кое се изучуваат четири странски јазици. Учениците  презентираа јадења, пијалоци, музика и значајни факти за наведените четири земји.

    На ваков начин ги мотивираме да ги учат странските јазици. Интересот за изучување на сите јазици е огромен. Им нудиме можност да го изберат оној јазик кој што најмногу го сакаат и подоцна во животот да го употребат“- рече Маја Ристиќ Кипријановска, професор по италијански јазик.

    Со свој штанд се претставија и децата кои се згрижени во Центарот за ран детски развој во училиштето.

    Имаме волонтери од Франција и Португалија кои моментално работат. Минатата година имавме од Литванија, Финска и Шпанија кои работат со децата и ја шират својата култура. Тие се на семинар во Белград и не се во можност да се дружат со нас - вели Верица Тодоровска, едукатор во Центарот за ран детски развој.

    Учениците  ги сакаат странските јазици бидејќи нудат многу можности и ја олеснуваат комуникацијата со странци.

    Италијанскиот јазик многу го сакам бидејќи е многу милозвучен. Италија има прекрасни јадења. Денеска презентиравме пица, тирамису познат италијански колач, еспресо и макијато - изјави Ива Митевска, ученичка.

    Целта на Европскиот ден на јазици е да се поттикне доживотното учење на што повеќе странски јазици. Секоја година 26 септември во земјава и пошироко се одбележува со низа настани за промоција на странските јазици.