Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Во два одвоени случаи, на градскиот пазар во Куманово и во селото Матејче, полицијата одзела 1.200 парчиња пиротехнички средства во текот на вчерашниот ден.
„Вчера во 12.30 часот на Градскиот пазар во Куманово, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода Б.И.(51) од Куманово затоа што кај него биле пронајдени и одземени околу 700 парчиња пиротехнички средства. Вечерта, во 19.30 часот полициски службеници на СВР Куманово извршиле преглед кај В.О.(20), при што биле пронајдени и одземени над 500 парчиња пиротехнички средства“, известуваат од полицијата.
Продавачот бил приведен во полициска станица, а по целосно документирање на случајот против двајцата ќе следи соодветна пријава.