×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Во Економското училиште најголем интерес за економски техничар и графички дизајнер

    17.06.2020 13:28 | KumanovoNews

     Во Средното економско училиште „Перо Наков“ во Куманово, денеска до 12 часот се запишале вкупно 94 ученици, а најголем дел од нив биле заинтересирани за струките економски техничар и графички дизајнер.

    Во Економското училиште најголем интерес за економски техничар и графички дизајнер

    Вчера до 19 часот биле пријавени вкупно 76 ученици, а денеска до 12 часот 18 деветоодделенци.

    „Најголем интерес имаат учениците за економски техичар и графички дизајнер, тука имаме поголема бројка.  Целосно се работи според протоколи донесени од страна на Владата. Согласно на нив, имаме поставено редари, внимаваме на растојанието од дваметри, обележан е вкупниот простор, на еден влез се влегува на друг се излезува. Имаме дезинфекциски средства, а и континуирано се дезинфицира просторот“, вели Мила Жибак, директорката на СОУ „Перо Наков“ во Куманово.

    Таа, како и останатите директори во средните училишта, потенцира дека протоколот произлезен од мерките за заштита од  вирусот КОВИД-19, всушност создал растоварен и мирен упис.

    Учениците во првиот уписен рок, можат да се запишуваат денес до 19 часот, утре (четврток) од 7 до 19 часот навечер и во петок од 7 до 13 часот напладне. Резултатите од првиот уписен рок ќе бидат објавени во петок по 15 часот.