Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Во Гимназијата “Гоце Делчев“ денеска се одржа екстерното тестирање, на кое дошле околу 60 отсто од матурантите.
Тестирањето почнало навреме во 9.30 часот и завршло во планираниот термин.
“Од 150 ученици, тестирани се 87. Имаше ученици кои беа дојдени, но поради технички проблеми не можеа да бидат тестирани. За останатите ученици кои денеска не се тестирани, инструкции ќе добиеме од Државниот испитен центар. Денеска на располагање имавме пет тестатори“ - кажа Горан Димитријевиќ, директор во Гимназија “Гоце Делчев“.
Во останатите училишта во градот, поради штрајкот на наставниците, мал број ученици дошле на екстерно тестирање.