×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Во Градскиот парк засадени 210 садници како дел од проектот „ЕУ за почист воздух“

    05.12.2024 15:53 | Оливера Пешевска

    Во Градскиот парк во Куманово денеска беа засадени 210 повеќегодишни, висококвалитетни садници, од видовите јеребика и платан.

    Во Градскиот парк засадени 210 садници како дел од проектот „ЕУ за почист воздух“

    Тоа е само дел од планираните 1.815 садници, донација на Европската унија и Канцеларијата на Обединетите Нации за проектни услуги (УНОПС) преку проектот „ЕУ за чист воздух”.

    Освен во Куманово проектот се имплементира и во Скопје, Битола и Тетово.

    „За жал тоа се градовите каде има најголемо загадување на воздухот не само во државата, туку и глобално. Ова е мал дел од многу поголем проект, за кој се наменети 10 милиони евра, а се однесува на обезбедување на подобри услови за подобрување на квалитетот на воздухот тука во земјата. Засадувањето на дрвја нема да биде доволно, ќе треба да се направат поголеми напори, ќе ни треба учество и на граѓаните, но над се на институциите и подобрување на политиките за одржливо подобрување на животна средина, што ќе направи значителна разлика за добросостојба на граѓаните“, истакна Штефан Худолин, раководител на Секторот за соработка во Делегацијата на ЕУ.

    На настанот присуствуваа и ученици на ООУ „Браќа Миладиновци“ и вработени на ЈП „Чистота и зеленило“ кои помагаа во засадувањето.

    Ова е трета фаза од проектот, првите две се одвивале на 7 и 21 ноември, а целиот проект ќе биде заокружен со последното засадување, планирано на 20 декември. Се работи на три локации- Градскиот кеј, Соколанскиот и Градскиот парк, а обезбедени се осум различни видови на садници, освен споменатите платан и  јеребика, засадени се и тиси, брези, смречи, див костен, јавор и јасен.

    Во рамките на проектот се работи и на замена на системите за загревање во јавните објекти.

    Директорот на ЈП „Чистота и зеленило“ Ненад Стојановски, кажа дека ќе се засадат уште толку, дел од сопствениот расадник, дел од набавка. Истовремено апелираше граѓаните да се однесуваат како кон лична сопственост и ќе помогнат во заштита, одгледување и грижа за дрвјата.

    „Претпријатието осим што ќе се грижи и ќе ги одледува садниците апелирам и до граѓаните истото да го правата. Праксата покажува дека имаме и вадење на извесни садници, па се надевам дека граѓаните ќе ги гледаат и чувствуваат како свои. Апелирам и до институциите, посебно до МВР да се грижат затоа што тоа значи поздрава животна средина за сите“, кажа Стојановски.

    Со активности за почиста животна средина и амбиентален воздух ќе се продолжи и следната година, претседателката на Советот Ивана Ѓоргиевска најави мерка – субвенционирање за набавка на инвертер клима уреди за домаќинствата.

    „Знам дека сме трета, четврта општина по загаденост, меѓутоа  преку овој проект и уште два што се најавуваат, на секој можен начин да се подоббри воздух во Куманово“, кажа Ѓорѓиевска.

    Беа дадени ветувања дека ќе се продолжи со напорите и помошта на Македонија во борбата против загадувањето и последиците од загрозување на животната средина.