Во јули најмногу се градело во Куманово
11.09.2014 08:13
| KumanovoNews
Во североисточниот регион во месец јули најмногу се градело во Куманово.
Според податоците од Државниот завод за статистика за 30 дена, издадени се 11 одобренија за градба од кои 9 се на физички лица и 2 на деловни субјекти.
Во Старо Нагоричане се издадени 2 одобренија за градба на деловни субјекти, а во Кратово и Ранковце има по едно одобреније исто за деловни субјекти.
Во јули годинава во општините Липково и Крива Паланка воопшто не се издадени одобренија за градба.