Во јуни издадени 10 одобренија за градба во Куманово
12.08.2013 12:11
| KumanovoNews
Според податоци од Државниот завод за статистика, во јуни годинава се издадени 10 одобренија за градба во Куманово.
Од нив 9 одобренија се дадени на физички лица, а 1 одобрение е за деловен субјект и се проценува дека изградените објекти ќе чинат 28.240 илјади денари.
Во останатите општини во североисточниот регион нема издадени дозволи за градба во јуни, со исклучок на Крива Паланка каде се издадени 3 дозволи на физички лица, а објектите ќе чинат 2.345 илјади денари.