Во Куманово антитерористичка акција на МВР
06.08.2015 09:15
| KumanovoNews
Во Куманово, Скопје, Струга, Тетово и Гостивар, текот на ноќта и утринава МВР спроведе акција за разбивање на структури на Исламска држава во земјава.
- Лицата првично се товарат за учество во воени формации во странство, а во Македонија кривично дело е учеството во странски војски, паравоени структури во странство. Со кривичните пријави покрај приведените ќе бидат опфатени и лица за кои имаме сознанија дека во моментов учествуваат во војните во Сирија и во Ирак - вели портпаролот на МВР, Иво Котевски, пренесува Плусинфо.
Според информациите од полицијата, нема повредени и загинати во акцијата. Во моментов најголемиот дел од акцијата е завршена, во тек се уште некои претреси во домовите на осомничените.

