Во Куманово измерени 39 степени
29.07.2013 13:29
| KumanovoNews
Во Куманово денеска е измерена температурата од 39 Целзиусови степени.

Улиците во градот се празни поради пеколните горештини. Излегуваат само оние што имаат неодложни работни обврски. Од Министерството за труд и социјална политика препорача работниците кои работат на отворено да прават пауза во најтоплиот дел во денот од 11 до 17 часот.
За утре се предвидуваат температури до 38 степени и мало наоблачување, а во среда температурите ќе паднат на 33 степени.
Во четврток температурите ќе бидат 35, а на Илинден во петок 36 Целзиусови степени.