Во Куманово мал број заболени од грип
26.11.2014 13:53
| KumanovoNews
Последнава недела се регистрирани 14 заболени од грип во Куманово, информираат од Центарот за јавно здравје.

Оваа бројка е незначителна за овој период од годината.
“Најголем број од заболените се на возраст од 15 до 64 години. Оваа бројка не е алармантна, и поголем број на заболени од сезонски грип очекуваме во јануари, февруари“ - вели Јадранка Стаменковска, епидемиолог во Центар за јавно здравје Куманово.
Вирусот на грип брзо се шири на студено и суво време.