Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Во последните 24 часа во Куманово наврнаа 24 литри дожд на метар квадратен, потврдуваат од Управата за хидрометеоролошки работи во Скопје.
Во последното деноноќие наврнаа 8 литри во Виница, 9 во Дебар, 11 во Скопје и Берово, 12 во Крива Паланка, 14 во Прилеп, 15 во Ѓуриште, 16 во Штип, 17 во Охрид и Тополчани, 18 во Кавадарци и Струмица, 19 во Крушево, 20 во Тетово и Битола, 22 во Демир Капија, 23 во Претор, 24 во Пожаране, 25 во Лазарополе и Дојран, 26 во Маврово и 30 во Гевгелија.
До крајот на денот не очекува облачно и свежо време со повремени врнежи од дожд, кои ќе бидат со послаб интензитет. Особено ќе бидат застапени во источните делови на земјава. Преку денот ќе има и кратки сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од североисточен правец.