Во Куманово наврнаа 8 литри дожд, минималната температура 12
08.11.2019 08:08
| KumanovoNews
Во изминатите 24 часа во Куманово наврна 8 литри дожд на метар квадратен, а измерена е минимална температура од 12 степени.

И во текот на денот времето ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд, поинтензивни во источните делови. На југоистокот ќе има услови за појава на ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Максималната температура ќе биде во интервалот од 17 до 22 степени.
Во Куманово, променливо облачно со повремени врнежи од дожд и со слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Максималната температура ќе достигне до 20 степени.