Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Минималната температура ноќеска измерена во Куманово била -3 степени Целзиусови, а напаѓал снег во висина од 3 сантиметри.
Најладно било во Попова Шапка со -9 степени Целзиусови, а потоа -8 Маврови Анови, -6 Крушево, -3 Крива Паланка, Тетово, Берово, Прилеп, Куманово, -2 Битола, Штип, Охрид, Дебар, -1 Скопје-Зајчев Рид, Виница, Велес, Кавадарци, 0 Скопје-Петровец, Струмица, Демир Капија, 1 Гевгелија, 2 Претор.
Висината на снежната покривка во 7 часот изнесува 52 см. во Попова Шапка, 35 Маврови Анови, 15 Штип, Дебар, 12 Ѓуриште, 11 Битола,Тетово, 8 Крушево, 5 Охрид, 4 Прилеп, 3 Куманово, 2 Скопје-Петровец, 1 Струмица, Демир Капија.
„Времето денеска ќе биде облачно и студено насекаде со врнежи од снег, а на места, особено во западните делови ќе бидат обилни (локално над 40 л/м 2 ). На повеќе места ќе се формира снежна покривка, а на планините значително ќе се зголеми (локално и над 50 см). Позначителна снежна покривка (над 20 см) ќе се формира и во југозападните делови. Поради ниските температури и засилениот северен ветер ќе има појава на голомразица и снежни наноси. Максималната температура ќе достигне од -3 до 4 степени“, велат од УХМР.
Во Скопје облачно и студено со врнежи од снег, повремено пообилни. Снежната покривка ќе се зголемува. Ќе дува умерен, повремено засилен северен ветер. Максималната температура ќе достигне до 0 степени.