Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Еден кумановец и уште четири лица од Штип, Кочани и Скопје, се нови случаи на ХИВ/СИДА, кои се заразени во последниве пет недели во земјава.
Заболените се на возраст од 19 до 25 години и повеќето се заразиле преку хомосексуален однос. Според епидемиолозите, бројките се алармантни, а загрижува и начинот на пренос на болеста, пренесува порталот “Здравство 24“.
“Двајца од овие се од Штип, еден Кочани, еден Скопје и еден од Куманово. Кај оние од Штип и Скопје преносот е маж со маж и еден интравенски корисник на дрога. Зголем е бројот на хив позитивни. Имаме и еден смртен случај кој е со СИДА на 65 години“ - изјави Жарко Караџовски, епидемиолог во Институтот за јавно здравје.
Порано најголем број од заразените беа во Скопје и Тетово, а сега болеста се шири и во Источна Македонија.