Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Повеќе од двојно е разликата во гласови во корист на Гордана Сиљановска - Давкова, во вториот круг на претседателските избори во Куманово.
Кандидатката за претседател на коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Сиљановска - Давкова, освои 28.160 гласови или 65.72 отсто.
Кандидатот на СДСМ Стево Пендаровски освои 12.052 гласови или 28.13 отсто.
Неважечки се 2.635 ливчиња.
Во Куманово гласале 42.847 граѓани или 45.82 отсто, од вкупно 93.508 гласачи, кои се запишани во избирачкиот список за претседателските избори, на 167 избирачки места.