×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Во Куманово тротоарите лизгалишта

    30.12.2014 12:37 | KumanovoNews

    Тротоарите во централното градско подрачје и улиците кои не се толку прометни,  се вистински лизгалишта.

    Во Куманово тротоарите лизгалишта

    Граѓаните реагираат и бараат од надлежните да ги исчистат заледените јавно-прометни површини. Снегот е исчистен само пред неколку важни институции, а на Градскиот плоштад исчистени се само неколку тенки патеки.

    “Тротоарите се за никаде, се снаоѓаме како знаеме и умееме. Одиме лево - десно само да не паднеме. Исчистено е само пред општината и пред поштата, друго ништо. Треба да се исчисти, ова е срамота“ - вели Бранислав Додевски, граѓанин.

    Од секторот за инспекциски надзор во општина Куманово, објаснуваат дека сите дуќанџии вчера се опоменати дека мора да исчистат пред своите дуќани, инаку ќе платат казна од 50 евра.

    “И денеска инспекторите на терен. Сите се опоменати дека ако не биде отстранет снегот од пред нивните простории, нема да поминат само со опомена, туку ќе има и казна. После предупредување, веднаш се изрекува казна ако во текот на денот до крај на работно време не ја завршат работата“ - изјави Верче Лазаревска, раководител на сектор за инспекциски надзор.

    Она што не е пред дуќаните и институциите треба да го чистат вработените во ЈП „Чистота и зеленило„. Се обидовме да го прашаме  директорот зошто толку бавно се чистат јавно-прометните површини во градот, но тој одби да даде изјава.