Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Во Куманово утринава се измерени - 10 степени Целзиусови, а најстудено било во Берово со - 14 степени.
Попова Шапка и Маврови Анови со -13, -12 Крушево, Крива Паланка, -10 Скопје-Петровец, Претор, Прилеп, Штип, Куманово, -9 Велес, Скопје-Зајчев Рид, Тетово, Демир Капија, -8 Струмица, Виница, Претор, Кавадарци, -6 Охрид, -4 Гевгелија.
Висината на снежната покривка 32 см. на Попова Шапка, 8 Маврови Анови, 1 Крушево.
Времето денеска ќе биде со ведро и многу студено утро, а преку денот сончево. Ќе дува слаб ветер претежно од северен правец.
Максималната температура ќе биде во интервал од 0 до 9 степени.
Во Скопје наутро студено, преку денот сончево со слаб северозападен ветер.
Максималната температура ќе достигне до 7 степени.